На територијата на Република Македонија ЛУКОИЛ ја врши својата дејност преку компанијата — ќерка ЛУКОИЛ Македонија ДОО Скопје.
ЛУКОИЛ ја започна својата дејност во Македонија на 17 август 2005 година, согласно Меморандумот за соработка потпишан меѓу Владата на Република Македонија и нафтената компанија ЛУКОИЛ.
Постојани клиенти на LUKOIL Macedonia LTD Skopje се Владата на РМ, Министерството за одборана, Министерството за внатрешни работи, амбасади, комерцијални банки, енергетски компании, претпријатија со странски капитал.
На крајот на 2015 година на територијата на Македонија работеа 27 бензински станици на ЛУКОИЛ.
Присутност на Компанијата
Компанија - ќерка | Дејност |
---|---|
ЛУКОИЛ МАКЕДОНИJА ДООЕЛ Скопjе | ![]() |
Првата бензинска станица во Македонија почна со работа на 1 септември 2006 година, а нејзиното свечено пуштање во употреба се одржа на 8 септември истата година. Таа се наоѓа на влезот во Скопје во населбата Камник.
ЛУКОИЛ набави нафтен склад со капацитет на резервоарите од 5 600 метри кубни, кој се наоѓа во градот Штип (во источниот дел на Републиката).
Пуштена е во употреба 27-та бензинска станица «Петровец». Пазарниот удел на компанијата според обемот на продажба на мало на нафтени деривати изнесува околу 15%. Вкупниот обем на инвестиции во развојот на продажната мрежа на територијата на Република Македонија изнесува преку 48 милиони американски долари. Во 2006 год. е набавен и реконструиран нафтениот склад во Штип (има статус на акцизен склад).